Тинекс Пролет се раздели со тренерот Бошковски

Македонскиот ракометен прволигаш Тинекс Пролет спогодбено ја раскина соработката со шефот на стручниот штаб Андон Бошковски по серијата незадоволителни резултати.

Двете страни одлучија да се разделат по саботниот неуспех на домашен терен од Металург (29:31) со кој Тинекс Пролет влезе во серија од три порази во низа во Супер-лигата,

– На последниот состанок заеднички со тренерот одлучивме дека најдобро за клубот е да ја прекинеме соработката. Тинекс Пролет му се заблагодарува на Бошковски за сработеното во изминатиот период и му посакува многу среќа во идните ангажмани, се наведува во клупското соопштение.

Тинекс Пролет по 12 одиграни кола во македонското првенство е шестопласиран со 21 бод и ефект од седум победи и пет порази.

Треба да знаете
Последни објави