Search

(Видео) Ливерпул убедлив во дербито против Арсенал

Ливерпул остварија убедлив триумф во дербито на 12. коло во Премиер лигата против Арсенал (4:0). „Црвените“ како домаќини  го кршеа противникот 39. минути кога по еден прекин, Мане со глава ја затресе мрежата на гостите од Лондон. Со минимална предност Ливерпул замина на одмор, за да во вториот дел го столи противникот со уште три гола.

На стартот од вториот дел, Жота реализираше за 2-0. Португалецот на поклон доби една топка, лесно се ослободи од противникот, потоа го помина и голманот на Арсенал и рутински погоди за нова радост.

https://twitter.com/i/status/1462121239640788994

Во 74. минута Ливерпул поведе и со 3-0. Во школски пример за контра, Жота го исфрли Мане во фор, кој потоа му асистираше на Салах за 3-0.

Точка на мечот стави Минамино, кој само 48 секунди по влегувањето во игра погоди за 4-0.

Треба да знаете
Последни објави