Search

Томовски има одбрана меѓу петте најдобри во 7. коло од ЛШ

Голманот на Вардар, Мартин Томовски иако бранеше добро и имаше 13 успешни интервенции, тоа не беше доволно Вардар од гостувањето во 7. коло од групата А во ракометната Лига на шампионите да се врати непоразен од гостувањето кај ПИК Сегед (34:31).

За  добрите одбрани на Томовски утешително призание стигна од ЕХФ  која после секое коло прави избор меѓу другото и на пет најдобри голмански интервенции, меѓу кои се најде и вардаровиот голман.  Томовски со одбранетиот зицер на кружниот напаѓач Банхиди е на петата позиција,

Топ 5 одбрани на колото во ЛШ.

Треба да знаете
Последни објави