Search

Македонија скокна седум места на ФИФА ранг-листата

Двете победи овој месец во мундијалските квалификации и историскиот пласман во баражот за Светското првенство 2022 и донесоа на македонската фудбалска репрезентација напредок од седум места на најновата ранг-листа на ФИФА на која „црвено – жолтите” сега се наоѓаат на 67. позиција.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски ги завршија мундијалските квалификации со гостински триумф над Ерменија (5-0) и победа над Исланд во Скопје (3-1) и на 26 ноември ги очекуваат противниците во баражот за пласман на Мундијалот идната година во Катар.

„Црвено-жолтите“ во мај годинава го имаа најдобриот пласман на 62. позиција, на кое дојдоа после сензационалната победа во Германија, но следуваше пад за десет места после настапот на ЕП 2020 и трите ремија во низа во септември од мундијалските квалифиакции.

Меѓу најдобрите десет селекции на ФИФА рејтинг-листата има една промена и тоа е влезот на Холандија во ова друштво со пласманот на десетатат позиција. Лидер останува Белгија пред Бразил, Франција, селедуваат: Англија, Аргентина, Италија, Шпанија, Португалија и Данска.

Две од десетте најдобри селекции на светот, европскиот првак Италија и бившиот европски шампион Португалија се потенцијални противници на Македонија за плејофот за СП. Од другите потенцијални ривали Шведска е на 18-то место, Велс е на 19-то, Русија на 34-то, Шкотска на 38-то место од екипите кои се носители и се можни ривали на Македонија во баражот за СП-2022.

 

Треба да знаете
Последни објави