Search

Кристи Бринкли на насловницата на „Вестлејк Малибу”

Американскиот супермодел Кристи Бринкли во новото интервју за „Вестлејк Малибу лајфстајл”, зборуваше за тоа колку далеку стигнала модната индустрија… Манекенката, телевизиско лице, писателка и активистка за човекови и права на животните се наоѓа и на насловната страница на ова познато списание, па истакна дека забележала колку медиумите и промените во нив ги засегаат младите.

Како пример, таа го наведе тоа дека нејзината полнолетна ќерка Сејлор ја замолила да престане да го користи зборот „гоење” кога говори за исхрана.

– Ќерка ми ми вели да не користам такви зборови и дека можам да користам изрази како „оваа храна не е добра за моето здравје” и слично!, вели манекенката, која инаку, е на залезот на седмото десетлетие од животот.

Таа го истакна и своето мислење за еволуцијата на модната индустрија… – Младите жени земаа модни списанија и се чувствуваа ужасно бидејќи сите модели беа слаби, а обичните жени воопшто не личеа на девојките од списанијата. Сега гледате различни модели, различни возрасти, изјави Кристи.

Како супермодел, Кристи е активна од 1973 година. Во Париз – градот каде што студирала уметност, ја видел познат фотограф, ѝ пришол, се претставил и ѝ предложил да ја слика. Во Париз се сретнала и со Џон Казабланка и со модната агенција „Елит модел”. Тоа била успешна „отскочна даска” за нејзината долга кариера потоа.

Инаку, Кристи има три деца – Алекс Реј Џоел (35), Џек (25) и Сејлор Бринкли Кук.

Треба да знаете
Последни објави