Search

За ЕСПН баражите ќе бидат драматични и неизвесни, а Роналдо може мундијалска виза да брка и во Скопје !?

Една од најпознатите спортски мрежи „ЕСПН“ во својата анализа какво разигрување по нов формат ги очекува репрезентациите кои не обезбедија директен пласман на завршницата од СП-2022 во Катар предвидува неизвесни и драмтични полуфинални и финални натпреаври во евро-зоната за последните три билети на Мундијалот. Даванаесет екипи, десет второпласирани од квалифиакциските групи и две најдобропласирани од Лигата на нации кои не минаа во квалификациите за првпат ќе играат во три групи со по четири селекции, по еден меч без право на поправен, а победниците од трите групи ќе бидат последните патници за Катар од Европа.

За првпат во својата историја од излегувањето на меѓународната сцена Македонија избори второ место во квалифиакциската група и настап во ова доигрување. Ривалите со многу поголем рејтинг како актуелниот европски првак Италија, поранешниот Португалија, Шкотска, Русија, Шведска и Велс како носители во ждрепката са составот на групите ја посакуваат Македонија со најнизок рејтинг, но и предупредуваат дека не е наивна селекција.

И „ЕСПН“ во својата анализа потенцира дека возбудата во баражите може да биде голема, па може да се случи дури и Кристијано Роналдо со Португалија во Скопје да бркаат мундијалска виза, а тоа значи дека Македонија во првиот меч која ќе биде гостин да го мине првиот ривал и за вториот ако и се насмевне среќата да биде домаќин на една од трофејните репрезентации.

-Во основа имаме три ‘фајнл-фор’ турнири со по еден меч во полуфинале и финале. Сѐ почнува со шест носители (Португалија, Шкотска, Италија, Русија, Шведска и Велс) кои имаат предност на домашен меч против шесте неносители (Турција, Полска, Македонија, Украина, Австрија и Чешка).. Сѐ е отворено, па дури и опцијата еден од најдобрите играчи во светото искусниот Кристијано Роналдо со Португалија да дојде во Скопје за да се бори за мундијалска виза со Македонија“

Можеби за некои, двомечите како во европските клупски натпреварувања во елиминациската фаза или досегашниот тип на баражи за СП беа поферски, ама овој систем со ваков формат, со 90 минути во кои сѐ е на маса е поинтересно и покомпетитивно. Нема да има „гостински паркирања на автобусот“ за да се одигра на 0-0, иако веќе го нема ни правилото „гол во гости“.

Затоа возбудата ќе кулминира, а нијанси ќе решаваат кои ќе бидат патниците, пишува „ЕСПН“.

Македонија и ривалите составот на групите и патото до Катар ќе го дознаат на 26 ноември во 17 часот во Цирих каде ќе биде извршена ждрепката. Натпреварите ќе се играат на 24 и 25 март полуфиналните дуели, а на 28 и 29 март финалните.

Македонија во овие мундијалски квалификации веќе приреди сензација со освојувањето на второто местои, како и со триумфот во Дуизбург прптив четирикратниот светски првак Германија (2-1), нанесувајќи и го првиот пораз на најтрофејната европска селекција на домашен терен во квалификации за СП после 20 години, а севкупно само трет во историјата од безмалку девет децении.

Нова сензација во режија на „црвено-жолтите“ не се исклучува !

Треба да знаете
Последни објави