Search

Тенискиот свет бараат докази дека Пенг е безбедна и сигурна

Кинеската тенисерка Шуаи Пенг сè уште нема стапено во контакт со било кој од ВТА иако кинеската државна телевизија објави мејл во кој таа наводно му го испратила на првиот човек на ВТА, Стив Сајмон. Тенискиот свет се крена на нозе, бидејќи по нејзината објава од пред неколку недели дека била силувана од страна на поранешниот заменик премиер Занг Гаоли, таа исчезна од јавноста. Нејзината објава на кинеската социјална мрежа Веибо, експресно беше тргната, а сега кинеската државна телевизија тврди дека Шуаи Пенг е добро и дека обвиненијата за силување се невистинити.

Веднаш по објавата на кинеската телевизија се јави и претседателот на ВТА, Стив Сајмон кој уште еднаш повтори дека е загрижен за безбедноста на тенисерката.
– Денешната изјава објавена од страна на државен кинески медиум за Шуаи Пенг само ја зголемува мојата загриженост за нејзината безбедност. Тешко ми е да поверувам навистина дека Пенг го напишала тој мејл кој го добивме и во кој е потпишана токму таа. Шуаи Пенг покажа неверојатна храброст опишувајќи ги обвинувањата за сексуелен напад од страна на поранешен член на владата на Кина. ВТА и остатокот од светот сакаат независен и проверен доказ дека тенисерката е безбедна. Се обидов да ја контактирам безброј пати и тоа прек различни канали на комуникација, но не успеав да дојдам до неа – изјави меѓу другото Сајмон.

Голем број на тенисери и тенисерки апелираат да се истражи каде се наоѓа Шуаи Пенг.

Треба да знаете
Последни објави