Search

По 2 години молк, Бредли Купер конечно одлучи да ја каже вистината: Сите зборуваа за оваа сцена со Лејди Гага, а еве што навистина се случувало

Бредли Купер конечно проговори за гласините дека бил во врска со пејачката и актерка Лејди Гага.

Кога Лејди Гага и Бредли Купер ја изведоа песната „Shallow“ од филмот „A Star is Born“ за цел свет немаше сомнеж дека Ирина Шајк е „исфрлена од игра“, а во срцето на најпосакуваниот маж на Холивуд влегла Лејди Гага.

Беше тоа почеток на 2019 година, а месеци подоцна се шпекулираше за вистината.

Потоа следуваат доделувањата на престижните награди Оскар и новото изведување беше тука кое ги поттикна гласините за љубовта меѓу двете ѕвезди на филмот.

Во меѓувреме, Ирина и Бредли раскинаа, а деновиве повторно беа забележани заедно на улиците на Њујорк, што било доволно за да започнат шпекулациите дека парот се смирил.

Но, што навистина се случило со Лејди Гага? За тоа конечно проговорија токму двајцата кои беа инволвирани во тоа.

Сцената која предизвика гласини за нивната романса била само глума.

„Во филмот имаше сцени кога мораше да глумиме заљубени. Тоа е експлозивен момент кој им се случуваше на сцената, пред илјадници луѓе. Би било глупаво јас и Гага и при изведувањето на песната да седевме на столчињата и да гледавме во публиката, моравме да ги доловиме ликовите на сцена“, вели Бредли за „The Hollywood Reporter“, додавајќи дека снимањето на филмот со Лејди Гага му било прекрасно искуство.

„Од почетокот го видов нејзиниот талент. Неверојатно харизматична и убава. Ми беше јасно дека небото ѝ е граница, толку е посветена и толку талентирана“, изјавил Бредли…

Преземено од Точка

Треба да знаете
Последни објави