Search

Алвес: Дајте ми два часа и ќе го вратам Меси во Барселона !?

Дани Алвес по втор пат беше претставен  пред околу 10 илјади симпатизери на шпанскиот гигант Барселона на „Камп Ноу“. Премиерното претставување на Бразилецот се случи пред 13 години, а сега во завршната фаза од неговата кариера повторно ќе биде дел од каталонскиот гигант кој се соочува со финасиска и резултатска криза. Триесетиосум годишниот Бразилецот кој освои 23 титули за Барселона на претставувањето говореше за амбициите, но и за Лео Меси за кој се нашали дека за два часа може да го врати во тимот.

-Годините се само бројка. Го докажав тоа и на Олимписките игри. Луѓето го очекуваат најдоброто од мене и тоа ќе го добијат. Не се родив да бидам втор, туку прв и не дојдов тука за забава. Дојдов да се борам за својата позиција и да играм, изјави Алвес кој запрашан за Меси не остана рамнодушен кон сцвојот поранеше соиграч

-„Меси? Дајте ми два часа и ќе го вратам се нашали и продолжи: Историјата е веќе запишана и засекогаш ќе го помнам. Тој е најдобриот играч и за мене соиграч од сништата. Нормално е да ни недостасуваат поранешни играчи, но сега е друга приказна. Додека се сеќаваме на великаните од минатото, мораме да се потпреме на силите кои се тука за да ја вратат славата на клубот – вели Алвес.

Треба да знаете
Последни објави