Search

(Видео) Алвеш вторпат преставен како засилување на „Камп Ноу“ во апостолки !

Повеќе од 10 илјади навивачи на Барселона ова попладне ја проследија презентација на искусниот бразилски фудбалски интеранционалец Дани Алвес како старо-нов играч на тимот од „Камп Ноу“. Тринаесет години по големиот трансфер од Севилја во Барселона, искусниот десен бек на 38-годишна возраст по вторпат доживеа презентација во Барселона.

Трофејниот десен бек во каталонскиот клуб ќе го носи дресот со бројот 8. Исто како и во 2008, кога првпат дојде на „Камп Ноу“. Дани и на презентација се појави во апостолки.

Разликата е што пред 13 години претставувањето беше во јули, а сега е втора половина на ноември и температурата во Барселона е само 12 степени.

Треба да знаете
Последни објави