Search

Барди е македонскиот претставник во идеалниот тим на мундијалските квалификации

Македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди се најде во идеалниот тим во мундијалските квалификации за СП во Катар идната година. Македонија во овој седми мундијалски квалификациски циклус во својата историја од појавувањето на меѓународната сцена за првпат заврши како вторпалсиран и обезбеди разигрување за учество на завршниот турнир каде ќе се најдат најдобрите 32 селекции во светот.

Играчот на шпанскиот Леванте, Барди ја има петта најдобра оценка од фудбалерите во изборот на првите единаесетмина кој го направи популарниот сајт „WhoScored“. Напаѓачите Мемфис Сепај (Холандија), Хери Кејн (Англија) и Роберт Левандовски (Полска) со осмици се убедливо најдобри, а пред македонскиот репрезентативец е уште српскиот интеранционалец од редовите на холандски Ајакс, Душан Тадиќ.

-Клучен играч на Македонија за второто место и баражот, а Барди му се придружи на Тадиќ во срцето на средниот ред во овој идеален тим. Страшен настап во убедливите 5-0 против Ерменија кога даде три гола, но имаше несреќа да го заврши циклусот со само две асистенции и просек од 2,3 клучни додавања по меч. Барди имаше добар настап за Македонија во текот на целите квалификации, иако не ги одигра сите мечеви, а во тимот влегува со оценка 7,82, е образложението за иозборот на македонскиот репрезентативец во идеалниот тим.

Барди е еден од плејадата млади фудбалери, кој зад себе има едно Европско првенство за младинци (играчи до 21 година) и дебито летово на ЕП 2020 со сениорската репрезентација на Македонија, а со девет постигнати гола веќе е во топ десет најдобри стрелци на „црвено-жолтите“ во историјата.

Треба да знаете
Последни објави