Search

Валери Димовска пееше песна од ќерката на Цеца, а за ментор неочекувано го одбра Ѓорѓе Давид – таа е новата македонска пејачка ѕвезда во “Ѕвездите на Гранд“

Неодамна ја видовме (и останавме скоро без здив) во балканското гала-шоу “Ѕвездите на Гранд“. Таа е нашата Валери Димовска, пејачка која лека-полека, но со сигурност ја освојува публиката.

За оние на кои не им текнува од каде им е позната Валери, ќе ги потсетиме дека таа во 2018 година заедно со Антониа Гиговска и Дина Јашари беше придружен вокал на дуото “Ај кју“ на сцената на “Песна на Евровизија“. Валери беше и учесничка во македонското шоу “На иста адреса“. Нејзините музички почетоци се врзуваат со духовната музика.                                                                                                    Голем е верник, па подолго време настапуваше со црковниот хор. Во приватниот живот емотивен мир и утеха наоѓа најчесто слушајќи ја песната „All I need is you Lord“.        Од тогаш до сега поминаа неколку години, Валери не беше нешто особено пејачки активна за да ја запаметиме, но затоа неодамна сите ги воодушеви со настапот во гледаните “Ѕвездите на Гранд“. Таа ги испеа песните од репертоарот на Тијана Богиќевиќ и Анастасија Ражнатовиќ.

Сите очекуваа дека Валери за свој ментор ќе ја посака популарната Цеца, со оглед на тоа што пееше песна од нејзината ќерка, но се случи пресврт. За свој ментор сосе срце си го зема нејзе најомилениот член од жирито, харизматичниот Ѓорѓе Давид. Валери има само 24 години и има огромна желба да направи една успешна пејачка кариера. Во тоа не се сомневаме. Досега соработувала со повеќе познати македонски музичари, како на пример со раперот Нешо во песната „Ќе биде“. Во спотот за оваа песна се појавува и македонскиот ракометен херој Столе Стоилов.

Талентирана е за секоја активност на естрадата, дури и кога станува збор и за самото облекување. За настапот во “Ѕвездите на Гранд“ таа беше облечена во секси црно, со истакнато деколте, а колку нејзиниот стајлинг ги воодушеви сите можевме да прочитаме и од бројните одобрувачки коментари на ФБ.

Треба да знаете
Последни објави