Search

Ѓоковиќ експресно до полуфиналето во Париз

Новак Ѓоковиќ со победата од 6:4 6:3, над Тејлор Фриц се пласираше во полуфиналето на АТП мастерс турнирот во Париз.

Српскиот рекет кој воедно е и на првата АТП позиција, немаше проблем против Американецот кој е под бро 26 на оваа ранкинг листа.

Со овој триумф во четврт-финалето, Ноле сега си обезбеди дуел со седмиот носител на овој турнир, Хуберт Хуктаз од Полска.

Натпреварот меѓу овие двајца тенисери e закажан за утре, а во нивната историја до сега играле два пати.

Очекувано, и во обата наврати Ѓоковиќ се радуваше на победата, а нешто слично се очекува и утре каде што Србинот ќе биде огромен фаворит.

Треба да знаете
Последни објави