Search

Нина Бадриќ му дала „корпа“ на Кевин Костнер: Бев заљубена во еден идиот од Загреб

Хрватската пеачка Нина Бадриќ гостуваше во веб серијалот „Факап“ на порталот showbuzz.hr, во кој призна  дека има толку многу факапи (зае..) во животот што дури и не знае од каде да почне.

Но изборот падна на приказната за легендарниот холивудски актер и неговата покана на вечера.

-Тоа е еден од најголемите „факапи“ во мојот живот. Имав 25 години, бев дете и тогаш настапував многу во странство, бев во Монте Карло на гала вечера. И тој ме покани да излеземе и бев сигурна дека тоа е шега! Кога си млад немаш доверба. Ме виде во клубот и го испрати својот асистент и 500 пати ми кажа дека Кевин Костнер би сакал да вечера со мене. На крајот пријде новинар од Белград и ме праша што ми се случи. Но тогаш бев заљубена во еден идиот од Загреб и сега да можам да го вратам времето се разбира дека ќе одев на вечера со него, заклучи Нина и покажа заедничка фотографија, која ја чува во мобилниот телефон.

Треба да знаете
Последни објави