Search

Најголемата грешка на Здравко Чолиќ, одбил песна од „Рибља чорба“која стана евергрин

Здравко Чолиќ без сомнение е една од најголемите, ако не и најголемата естрадна ѕвезда во поранешна Југославија. Кариерата на Чолиќ е исклучително богата и не сите негови хитови можат да се вклопат во еден стандарден двочасовен концерт.

Но има и песни кои одбивал да ги сними, а кои подоцна станале големи хитови во изведба на други пејачи или групи. Меѓу другото, Чола не сакаше да го сними мегахитот „Зора е“, кој го отпеа Неда Украден, но тоа не е песната за која најмногу жали. Тој често спомнува уште една лоша проценка како грешка во кариерата.

Момчило Бајагиќ Бајага, тогаш сè уште член на групата „Рибља чорба“, му понуди уште во 1983 година песни што ги напиша заедно со Мишо Алексиќ – „Твоје очи“, „Африка“ и уште една. Чолиќ ги сними двeте и ги вклучи на албумот „Шта ми радиш“, но згрешил што ја одбил третата песна – „Кад ходаш“.

Познатата балада, една од ретките песни на Чорба за која покрај музиката, текстот го напиша Бајага, заврши на албумот „Вечерас вас забављају музичари који пију“ (1984).

Набргу по објавувањето на ова издание, Бајага, да потсетиме, го напушти својот матичен бенд, започна соло кариера и на својот концертен репертоар ја вклучи „Кад ходаш“.

Треба да знаете
Последни објави