Search

Барселона нема пари да му ја плати на Ал Сад отштетата за Чави

Иако катарксиот фудбалски клуб Ал Сад излезе со официјално соопштение дека нема да му стои на патот на Чави да се врати дома во Барселона, тоа од клубот од „Камп Ноу“ сеуште не е сторено. Шпанските медиуми откриваат дека и два часа откако тоа го направи Ал Сад, Барселона не се огласува бидејќи нема пари да ја плати ошштетата од 5 милиони евра. Според нив и челните луѓе на Барселона се револтирани од официјалното соопштение на Ал Сад, на кое исклучиво гледаат како вршење притисок врз операцијата која е во тек, а во која Барса делува финансиски немоќно и сигурно нема да ја плати отштета за Чави

Катарскиот клуб соопшти дека Барса прифатила да ја исплати откупната клаузула која постои во договорот на Чави, но тоа е сума која сепак каталонскиот великан не може да си ја дозволи во овој момент. Шпанскиот клуб не може да исплати 5 милиони евра поради тоа што нема доволно средства и ќе ги прекрши правилата за фер-плеј, па затоа е одложена и промоцијата на Чави во моменти кога се чинеше дека се е договорено.

Како што информираат угледните „Мундо Депортиво“ и „Спорт“, експедицијата на Барселона во Катар и натаму работи на случајот и преговара со катарските газди, односно бараат начини да се одложи исплатата на отштетата.

Треба да знаете
Последни објави