Search

Цапар одбра 23 кандидати за дуелите со Украина и Франција

Селекторот на македонска фудбалска репрезентација за играчи до 21 година, Драги Канатларовски – Цапар денеска објави списокот со 23. кандидати за составот на тимот на претстојните ноемвриски квалифиакциски натпреаври за ЕП  со Украина и Франција кои ќе се играат во Скопје. Македонија со второпласираната селекција во групата Украина игра на 11 ноември на тренинг-центарот „Петар Милошевски“, а на 16 номеври перотив лидерот и апсолутен фаворит во групата Франција на Националната Арена „Тодор Проески“.

По четири одиграни кола Македонија има пет бода, од кои четири освои во октомврискиот двомеч. Пред селекторот Канатларовски и неговите избраници сега се двата најтешки испити од кои би биле задоволни со ти освоени бода. Шанса да се оствари реализираното е дуелот со Украина.

-Задоволен од четирите освоени бода во последните два квалификациски мечеви, посебно од мечот со Ерменија во Ереван, каде одигравме многу квалитетно и победивме на доста тежок терен. Сега таа позитивна атмосфера сакаме да ја пренесеме на овие два меча, со Украина и со Франција и нѐ очекуваат два извонредно тешки мечеви против силни и квалитетни селекции. Но, фокусот е на дуелот со Украина, мислам дека шансата за три бода треба да ја бараме на овој меч, додека Франција е апсолутен фаворит во групата, вели популарниот Цапар кој од осамостојувањето наваму е единствениот стратег кој ја доби довербата на двапати да ја предводи и најдобрата македонска селекција.

На списокот од Канатларовски за новите предизвици се најдоа:

Голмани: Давид Денковски (Брегалница), Марко Алчевски (Академија Пандев), Дамјан Серафимов (Кадино);

Одбрана: Филип Антовски (Австрија Виена, Австрија), Блертон Шеји (Шкупи), Славе Маркоски (Охрид), Марио Младеновски (Македонија Ѓ.П.), Адриан Хајдари (Рапид Виена, Австрија), Стефан Наумчевски (Тиквеш), Јован Манев (Брегалница);

Среден ред: Иван Николов (Вардар), Димитар Тодоровски (Работнички), Енис Фазлагиќ (Жилина, Словенија), Али Адем (Шкупи), Томче Гроздановски (Дугопоље, Хрватска), Амел Рустемоски (Вил, Швајцарија), Лука Станковски (Работнички), Арби Воша (Македонија Ѓ.П.), Методи Максимов (Работнички), Флорент Рамадани (Шкендија);

Напад: Марко Ѓорѓиевски (Шкупи), Емир Скендери (Струга), Марио Илиевски (Септември Софија, Бугарија).

Треба да знаете
Последни објави