Search

Стоичков му порачува на Чави дека не е време да дојде во ваква Барселона

Во очекување да се случи официјалната промоција на Чави Ернандес во тренер на шпанскиот фудбалски гигант Барселона, поранешниот играч на тимот од „Камп Ноу“ бугарската фудбалска легенда Хирсто Стоичков излезе со препорака деке не е време за вакво нешто. Легендарниот Стоичков кој остави белег со настапите за Барселона во почетокот на деведесеттите години од минатиот век смета дека со овој потег ќе биде изгорен уште еден легендарен играч на Барселона. Бугаринот не е задоволен од промената на мислењето на претседателот Жоан Лапорта.

– Пред четири месеци, Лапорта порача дека Чави се уште не е зрел и дека не е подготвен за Барселона поради немање на искуство. Сега, се разбуди и вели дека Чави е најдобра опција за клубот. Зарем сакаат да фрлат во оган уште една легенда? Зарем сакаат да го испратат низ задната врата како што направија со Куман? Според мене, Чави се уште не е подготвен за вакво страдање какво што постои во Барселона, потребни му се поподготвени луѓе и подобро опкружување. Своевремено, Гвардиола крај себе ги имаше Јохан Кроф, Чики Бегиристан и Алексанко, имаше кој да му даде совети. Кој ќе му даде совет на Чави во оваа Барселона? Негативно влијание нема да му недостасува, ќе има песимисти уште од самиот старт и затоа велам дека не е време за доаѓање – потенцира Стоичков за „ТУДН“.

Треба да знаете
Последни објави