Search

Ставрев ќе дели правда на мечот Генк – Вест Хем

Македонскиот фудбалски судија со знакот на ФИФА Александар Ставрев в четврток во рамкиот од 4. коло во групите во второто по квалитет клупско натпреаврување Лига Европа ќе дели правда на натпреаврот Генк – Вест Хем. Ова е натпреавр од групата „Х“ во која лидер е  Вест Хем со максимални девет бодови, а по три имаат Динамо Загреб, Рапид Виена и Генк.

Натпреаврот во Белгија се игра од 18.45 часот. На Александар Ставрев на овој натпреавр ќе му асистираат: Дејан Костадинов и Куштрим Лика, а четврти судија е Дејан Јакимовски.

Покрај судиската четворка од мак-фудбалот во ова натпреварување ќе биде ангажиран и делегатот Васко Дојчиновски кој ќе ја извршува оваа обврска на мечот од  групата „Д“ во ЛЕ меѓу Антверпен и Фенербахче.

Треба да знаете
Последни објави