Search

Пораз на Денвер, Јокиќ не даде кош цело полувреме

Кошаркарите на Денвер загубија од Мемфис со 106:97.

Во победничките редови Џа Морант доминираше со 26 поени, седум скокови и осум асистенции, а на спротивната страна Никола Јокиќ за Нагетси запиша 23 поени, по седум скокови и асистенции.

Најкорисниот играч за минатата сезона Јокиќ повторно беше најефикасен во својата екипа, но неговите соиграчи не се прославија и не реализираа дури 29 шутеви за три поени (9/38), додека Србинот „го немаше“ во второто полувреме кога практично беше без придонес.Двете екипи имаат учинок од четири победи и три порази, а следниот меч исто така ќе го играат во Мемфис, во ноќта помеѓу среда и четврток.

Фантастичната серија ја продолжува Чикаго кој славеше против Бостон со 128:114. Кај Булси најефикасен беше ДеРозан со 37 поени, па тимот сега има скор од шест победи и еден пораз.

НБА лига, резултати –

Шарлот Хорнетс – Кливленд Кавалирс 110:113
Индијана Пејсерс – Сан Антонио Спарс 131:118
Филаделфија Сиксерс – Портланд Трејл Блејзерс 113:103
Атланта Хокс – Вашингтон Визардс 118:111
Бостон Селтикс – Чикаго Булс 114:128
Њујорк Никс – Торонто Репторс 104:113
Мемфис Гризлис – Денвер Нагетс 106:97
Минесота Тимбервулвс – Орландо Меџик 97:115
Лос Анџелес Клиперс – Оклахома Сити Тандер 99:94

Треба да знаете
Последни објави