Search

Пер: Воопшто не ми е грижа за невакцинираните тенисери

Французинот Беноа Пер, кој беше меѓу првите тенисери кои се вакцинираа против коронавирус, изјави оти не го интересира дали невакцинираните играчи ќе добијат дозвола од организаторите да настапат на Австралија опен.

– За тие, кои не се вакцинирани, воопшто не ми е грижа… Ако играчите не сакаат да се вакцинираат и не сакаат да учествуваат на Австралија Опен уште подобро. На крајот на краиштата, ќе бидам многу среќен доколку само јас бидам таму. Јас сум мотивиран да постигнам добри резултати следната сезона, изјави 47. рангираниот тенисер на АТП листата.

Австралија Опен, традиционално првиот грен-слем во календарската година, ќе се одржи од 17 до 30 јануари, а локалните власти минатата недела потврдија дека за учество на турнирот ќе биде потребна вакцинација против Ковид-19.

Треба да знаете
Последни објави