Search

Конте седнува на клупата на Тотенхем

Италијанскиот стратег Антонио Конте денеска се очекува официјално да биде назначен за нов тренер на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем на местото на Португалецот Нуно Еспирито Санто, кој вчера доби отказ поради слаби резултати.

Конте и Тотенхем, како што јавуваат италијанските медиуми, ќе потпишат договор за соработка до 2023 година.

Според истите извори, двете страни постигнале вербален договор и Конте се враќа во Премиер лигата каде од 2016 до 2018 седеше на клупата на Челзи.

Конте (52) со клубот од „Стемфорд бриџ” ја освои шампионската титула (2026/17) и трофејот во ФА купот следната сезона.

Треба да знаете
Последни објави