Search

Конте и Тотенхем потпишаа двегодишен договор

Трофејниот италијански фудбалски стратег Антонио Конте е промовиран во нов тренер на англискиот премиерлигаш Тотенхем. Конте со Тотенхем потпиша договор до 2023 година и доаѓа во клубот на местото на Нуно Еспирито Санто кој беше отпуштен во текот на вчерашниот ден.

Италијанецот во Тотенхем ќе заработува 15 милиони фунти по сезона.

Според информациите на медиумите Конте  во  претстојниот два преодни рока за да направи конкурентен тим ќе има на располагање 150 милиони фунти за да ги обезбеди потребните засилувања на тимот.

Треба да знаете
Последни објави