Search

Ги демантираше гласините дека има деменција: Џек Николсон се појави во јавноста после година дена

Бидејќи една година не се појави во јавноста, американските медиуми за малку ќе го „закопаа“ легендарниот актер.

Според нивните извори, 84-годишниот Џек Николсон боледува од деменција, поради што не излегува од својот дом на Беверли Хилс, но сега сите тие теории паднаа во вода.

Холивудската легенда е снимена пред „Стејплс центарот“, каде што пристигнал со приватен автомобил.

Džek Nikolson

Откако излегол од автомобилот, тој бил нападнат од фановите, барајќи автограми, а тој тоа го исполнил без дискусија и потоа отишол да го гледа кошаркарскиот натпревар на неговите омилени Лос Анџелес Лејкерс.

Џек Николсон е добитник на три Оскари, а последниот филм го сними во 2010 година. Се надеваме дека ова може да биде навестување дека наскоро ќе се појави во нов филм и со тоа ќе израдува милиони фанови ширум планетата.

Džek Nikolson

Треба да знаете
Последни објави