Search

Богатиот Њукасл го одбра новиот тренер

Англискиот фудбалски премиерлигаш Њукасл кој го има еден од најбогатите спонзори од Саудиска Арабија почнува да составува тим за освојување на трофеи. Прво што направи раководството на тимот се одлучил кому ќе му ја довери тренерската позиција. Според медиумите на Острово таа улога ќе ја извршува шпанскиот фудбалски стручњак Унаи Емери, по отказот кој му беше даден на Стив Брус.

Во овој момент Емери го води шпанскиот Виљареал, кој се согласил да му излезе во пресрет на својот тренер за отштета од шест милиони евра.

За Емери евентуалното преземање на Њукасл би било враќање во Премиер лигата каде што го водеше Арсенал со кој не се прослави.

Треба да знаете
Последни објави