Search

Агуеро на тримесечна пауза поради проблемот со срцевата аритмија

Аргентинскиот фудбалски интернационалец Серхио Агуеро од редовите на шпанската Барселона ќе има три месеци принидна пауза поради здравствени проблеми, откако му е утврдена срцева аритмија. Агуеро ќе продолжо со дијагностички и терапевтски третмани за цел да се утврди што е причината за настанатата аритмија.

Шпанскиот кардиолог, доктор Игнасио Фернандез Лопез за „Марка“ изјавил дека аргентинската ѕвезда е во најдобри раце и дека случајот со Агуеро не е ист како со данскиот репорезентативец Кристијан Ериксен, кој колабираше и доживеа срцев удар во Копенхаген за време на натпреавр од ЕП кое се одржа летово.

Љубителите на фудбалот стравува дека Агуеро може предвреме да ја заврши кариерата. Тој и на почетокот од кариерата имал проблеми со срцето, но потоа стана суперѕвезда, која е најдобар стрелец во историјата на Манчестер сити.

-Сѐ уште не знаеме кој вид на срцева аритмија станува збор, ама мене ми делува дека не е вентикуларна. Најверојатно се работи за суправентикуларна, која не е пронајдена на претходните прегледи, ама кога ќе се земе во предвид дека ја имал пред 14 дена, тоа не е ништо сериозно. Ако, било сериозно тој немало ни да игра на мечот со Алавес, вели докторот Фернандез Лопез.

Агуеро се пожали на болки во гради и на вртоглавица на мечот со Алавес, по што беше заменет, па веднаш префрлен во болница каде му беше утврдена срцева аритмија. Сега во следните три месеци ќе треба да се утврди што точно е, пред да се донесе одлука што понатаму со овој здравствен проблем и кариерата на Агуеро. Според Фернандез Лопез, ако се испостави дека станува збор за суправертикуларна аритмија, Агуеро нема да има проблем после одреден период да се врати на теренот.

 

Треба да знаете
Последни објави