Search

Владата го усвои Предлог-буџетот за 2022 година

Владата на Република Северна Македонија на 116-тата редовна седница, што се одржа на 30 октомври, поради запазување на роковите за донесување, го усвои Предлог-буџетот за 2022 година.

Како што стои на веб страницата на Владата, поради изборниот молк, соопштението за усвоениот Предлог-буџет се објавува денеска, 1 ноември, а во следниот период ќе биде објавена и детална презентaција.

Усвоениот Предлог-буџет, заедно со утврдениот Предлог-закон за извршување на Буџетот за 2022 година, ќе бидат доставени на усвојување во Собранието на Република Северна Македонија.

Треба да знаете
Последни објави