Search

Алегри е разочаран од шест играчи на Јувентус

Повеќекратниот италијански фудбалски шампион Јувентус не блеска оваа сезона, иако на кормилото се врати трофејниот тренер Масимилијано Алегри, кој пет години седеше на клупата кај „старата дама“ и освои пет Скудета. Последните порази на Јувентус од Сасуоло и Верона дополнително ја нарушија атмосферата во клубот. Тренерот Алегри се одлучи пред престојните два предизвици во оваа недела, против Зенит и Фиорентина тивот го стави во карантин за да мине што повеќе време со играчите и да проба да ги реши проблемите, со враќање на  самодовербата.

„Газета Дело Спорт“ пренесува дека популарниот Макс е разочара од шест играчи Адриен Рабио, Дејан Кулушевски, Родриго Бентанкур, Алваро Мората, Моизе Кен и Артур кој само што се врати во конкуренција за тимот по повредата. Алегри смета дека средниот ред и нападот можел да направи многу повеќе во актуелнава сезона. Мората има само три гола, Кен еден помалку со тоа што кога е во прашање овој вториот тренерот не е задоволен од неговото однесување, став кој важи и за Кулушевски. Рабио и Бентанкур играа под нивното ниво, а пак Артур кој за првпат стартуваше против Верона направи грешка по која му овозможи на противникот да даде гол.

Треба да знаете
Последни објави