Search

Шок-терапијата во Барселона со смената на тренерот не донесе резултат

Шок-терапијата во шпанскиот фудбалски гигант Барселона со смената на тренерот Роналд Куман не донесе ништо ново. Од „Камп Ноу“ вечерва непоразен си замина Алавес (1:1). Привремениот тренер Серхи Бархуан имаше половично деби на клупата од првиот тим на Барселона и веќе заостанува осум бода на табелата зад водечкото трио Реал Мадрид, Севилја и Реал Сосиедат по 11 одиграни кола.

Мемфис Депај во 49 минута обезбеди водство за Барселона, но радоста траеше само три минута бидејќи Луис Риоха израмни. Депај ја погоди пречката и пропушти уште една убава можност и домаќините не успеаја да стигнат до нов гол.

Во својот втор натпревар како стартер, Серхио Агуеро го напушти теренот непосредно пред паузата, а во вториот дел поради повреди беа заменети Жерар Пике и Нико Гонзалес. Тие можат да се најдат на списокот со повредени, во кој се и Сержи Роберто, Ансу Фати, Педри, Мартин Брајвајт и Френки де Јонг.

 

 

Треба да знаете
Последни објави