Search

Работнички му го нанесе првиот пораз на ТФТ сезонава

Работнички го совлада градскиот ривал ТФТ (105:92) во 5. коло од кошаркарскиот шампионат на Македонија. Ова беше прв пораз сезонава за екипата на ТФТ.

Најефикасен во редовите на Работнички со 29 поени беше Џексон Пол, кој додаде и 15 асистенции, а Горјан Марковски имаше учинок од 20 поени.

Во редовите на ТФТ, Александар Костоски постигна 20 поени, а Ландриус Хортон беше стрелец на 22 поени.

Кожув, конечно, покажа дека има квалитетен состав па дојде до првиот триумф сезонава во пресметката на домашен терен против Феникс (91:83). а Ангели беа поразени од Гостивар (74:88).

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 5. КОЛО

КОЖУВ – ФЕНИКС 2010  91:83

РАБОТНИЧКИ – ТФТ         105:92

АНГЕЛИ – ГОСТИВАР       74:88

МЗТ СКОПЈЕ УНИ БАНКА – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ       76:99

31.ОКТОМВРИ (НЕДЕЛА):

19.30: ЕУРО НИКЕЛ 2005 – ПЕЛИСТЕР

1.НОЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК):

19.00: КУМАНОВО 2009 – НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП

Треба да знаете
Последни објави