Приведени две лица за давање поткуп за гласови во Ѓорче Петров

Денеска (30.10.2021) околу 14 часот полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Г.З. (59) и  А.С. (63) од Скопје, информираат од МВР.
Двајцата приведени во скопската населба Даме Груев давале пари во замена за глас на локалните избори односно вршеле кривично дело по член 162 од КЗ „поткуп при избори и гласање”.
На лицата на кои им давале пари за глас им земале копии од лични карти, а при приведувањето кај нив се најдени пари и други предмети.
Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Треба да знаете
Последни објави