Search

И Верона му зададе главоболки на Јувентус

Во 11.коло од италијанската фудбалска Серија А, и Верона го испрати Јувентус со наведната глава (2:1). „Старата дама“ е клекната на колена со погодоците на Џовани Симеоне во 11. и 14. минута. Во минатото коло Сасуоло им приреди ваква главоболка. За Јувентус ова е четврти пораз оваа сезона од 11 одиграни натпревари.

Јувентус никако не можеше да се состави во текот на овој натпревар, па иако во 80. минута намали преку Вестон Мекени на 2-1, поразот беше неизбежен.

Треба да знаете
Последни објави