Search

Касами: Без пратениците на Беса паѓа Владата, но остануваме дел од оваа Влада

Кандидатот за градоначалник на Општина Тетово и лидер на Беса, Биљал Касами вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 напомена дека без пратениците на неговата партија, сигурно паѓа Владата.

На ова реагираше и неговата противничка, кандидатката за градоначалничка на Тетово од ДУИ, Теута Арифи, која напомена дека Влада може да има и без Беса, и дека Беса реално не тежи многу на „пазарот“.

Касами жестоко одговори. Тој е дециден дека Беса може да ја сруши оваа Влада, но тоа нема да се случи затоа што оваа Влада е стабилна.

Тој додава дека ова се локални избори и ќе останат во коалиција.

Претходно претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села на „Click Plus“ на ТВ21 најави дека од понеделник ќе почне процесот на формирање ново мнозинство во Собранието.

-Коалициските партнери на Заев нема да сакаат да одат со Заев на наредните избори, затоа што гледаат дека Заев тоне. Тие имаат и пратеници сега. Ние ќе создадеме ново мнозинство, рече Села.

Треба да знаете
Последни објави