Search

Сопругата на Вил Смит проговори за нивниот сексуален живот

Џејда Пинкет Смит вели дека е тешко да се одржи добар сексуален живот со нејзиниот сопруг Вил Смит, бидејќи тие се одлучни да комуницираат за своите потреби.

50-годишната актерка е со Вил речиси три децении и рече дека двајцата многу веруваат во преземањето „одговорност и комуникација, наместо да очекуваат еден од друг да си ги читаат мислите“.

Џејда нагласува дека и таа и Вил сакаат да бидат искрени кога станува збор за сексот, иако на двајцата им е тешко да ги кажат своите желби и потреби во спалната соба без да се чувствуваат непријатно.

Во своето Фејсбук шоу Red Table Talk, интимна серија разговори на црвената маса, каде што ѝ се придружи нејзината мајка, Адриен Банфилд-Норис и гостинската ѕвезда, Гвинет Палтроу, таа рече: „Тешко е. Ние почнавме со ова на многу млада возраст, 22 години.“

Коментарите на Џеда доаѓаат откако Вил (53) неодамна изјави дека тој и неговата сопруга си даваат доверба и слобода во бракот.

Инаку, двајцата и претходно јавно дискутираа за својот брак во т.н. „Разговор на црвената маса“.

Треба да знаете
Последни објави