Search

СДСМ Скопје: Арсовска е измамник, скопјани веќе ја препознаа

Данела Арсовска од ден во ден се повеќе се заплеткува во своите лаги. Скопјани лесно препознаа за каков измамник станува збор и затоа во недела ќе биде многу изненадена од изборниот резултат. Прво лажеше и се криеше дека не ја менаџирала салата „Расадник“ за денес конечно да признае под притисок на медиумите. Арсовска со тоа призна и дека како менаџер на семејната компанија оставила 54.000 евра долг за струја и објект во целосно руинирана состојба. Ова ли се менаџерските способности на Арсовска кои им ги сервира на скопјани?

Арсовска сè уште се крие и не признава за бугарското државјанство и упорно негира иако сите домашни и бугарски институции и медиуми тоа го потврдија. Зошто упорно го крие овој факт Арсовска? Јавноста бара одговори. Додека е легално како државјанка на Бугарија да биде кандидат за градоначалник, целосно е неморално и кукавички тоа да го крие од јавноста. Што е целта и кои се вистинските причини за таа да го крие своето бугарско државјанство?

Криењето на вистината е страв од сопствените граѓани, а сето тоа деновиве повторно го гледаме во режија на ВМРО ДПМНЕ и нивната кандидатка. Тоа е пред сè неодговорност кон граѓаните, но и опасно потсетува на време кое никој во Скопје не сака да се врати. Бегање од дебата, бегање од одговори, криење на информации се последното нешто што му треба на Скопје.

Треба да знаете
Последни објави