Search

По навредите на Максим на ТВ 21, Ромите во Куманово го кренаа својот глас

Ромската заедница денеска излезе на протест против Максим Димитриевски по кумановските улици со мотокултиватори откако Димитриевски упати навреди кон ромите за создавање на ѓубрето и вдивите депонии во Куманово.

Димитриевски во дебата на ТВ 21 ја нападна ромската заедница за дивите депонии во Куманово, за возење на мотокултиватори „Тоа го прават тие луѓе, прават диви депонии каде стигнат и како стигнат.„ изјави Димитриевски. Пред два дена советник на Димитриевски нападна советник на СДСМ од ромска заедница, еден ден по официјализирањето на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ, како продолжување на режимското насилство врз ромите.

Димитриевски целиот свој мандат ги обвинуваше Ромите за нечистотијата и ѓубрето низ градите и затоа никогаш нема да го добие нивниот глас, особено кога е во коалиција со режимско ВМРО кое ги влечеше Ромите за уши за глас.

Треба да знаете
Последни објави