Search

Не е планирана средба на помеѓу претставници на Иран и на САД во Виена

Иранскиот заменик министер за надворешни работи Али Багери денеска изјави дека не е планирана директна средба со претставник на САД за време на новата рунда нуклеарни преговори во Виена.

– Нашите преговори ќе продолжат да се одржуваат само со (преостанатите земји од) групата четири плус еден, истакна Багери.

Групата четири плус еден ја сочинуваат Кина, Франција, Велика Британија, Русија плус Германија.

Виенскиот нуклеарен договор од 2015 година беше дизајниран да го спречи Иран да произведе нуклеарна бомба во замена за олеснување на санкциите. Но, по едностраното повлекување на САД во 2018 години, Вашингтон повторно воведе санкции кон Иран,

– Бидејќи САД официјално не се вратија на Виенскиот нуклеарен договор од 2015 година, сè уште нема причина земјата да се вклучи во преговорите, посочи Багери.

Сè уште не е прецизиран датумот на преговорите во Виена.

Треба да знаете
Последни објави