Search

Борисов: За да има наша поддршка за Македонија бугарското малцинство мора да биде внесено во Уставот

За да има наша поддршка за РСМ, бугарското малцинство мора да биде внесено во Уставот на С Македонија, рече поранешниот бугарски премиер и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов, на средба со претставници на бугарските организации во Македонија.

„Северна Македонија нема поблизок пријател од Бугарија. Треба да најдеме начин да ги поправиме нашите односи. Целиот демократски свет ѝ се смее на нашата лоша дипломатија. За нас е важно Северна Македонија да влезе во ЕУ“,
додаде тој.

Борисов вели дека е убеден дека проблемите меѓу двете земји не се нерешливи, сè додека има волја од двете страни и им порача на претставниците на бугарските организации во Македонија дека тие се мостот за пријателство.

Претставниците на бугарските организации побараа од Борисов да се решат прашањата за човековите права и велат дека имаат право да бидат бугарофили, но нагласуваат дека во Македонија се третирани како да не постојат.

И бугарскиот претседател Румен Радев вчера во својот кабинет ги прими претставниците на организациите на македонските Бугари и им соопшти – силно ве поддржуваме во борбата за рамноправност.

-Бугарија ќе се раководи од вашата воља и желба, порача Радев, најавувајќи нова политика кон Македонија која ќе се темели на благосостојбата на Бугарите во земјава.

Треба да знаете
Последни објави