Search

Аманда Сејфрид се справува со постпородилна депресија во новиот филм

Холивудската актерка Аманда Сејфрид даде сè од себе нејзиниот нов филм за постпородилната депресија да се појави во кината.

Заснован на истоимената книга од Ејми Копелман (2003), која пишува за сопственото искуство, филмот A Mouthful of Air се реализираше откако Копелман слушна жена како зборува на радио дека ја има оваа состојба.

Писателката стапила во контакт со актерката Сејфрид за да види дали можат да снимат филм за да ја расветлат оваа појава.

Сејфрид и Копелман успеаја да обезбедат финансиски средства за филмот, но кога тој тргна во продукција, Сејфрид сфати дека треба да надмине уште една пречка.

„Морав да ѝ погледнам на сопствената ментална болест во очи. Страдам од OCD и напади на паника“, рече таа. „Морав да го прикажам тоа на екранот и тоа беше незгодно. Но, чувствував дека сум безбедна со Ејми да го направам тоа“.

Според студија на американскиот Центар за контрола и превенција на болести, една од осум жени претрпеле депресивни симптоми во текот на постпородилниот период.

Треба да знаете
Последни објави