Search

Стоилов: Томовски нè држеше во игра, ни фали уште воигрување

Капитенот Стојанче Стоилов му ја честиташе победата на Кил што е апсолутно заслужена и покрај предноста од три гола што Вардар ја имаше по првото полувреме.

Според Стоилов, главна причина за оваа предност не била одбраната на „вардарци“, туку одличните реакции на голманот Мартин Томовски.

Капитенот на Вардар потсети дека „црвено-црните“ и летово промени половина од играчкиот кадар.

-Моќта на Кил е што овој тим игра заедно долги години, добро се познава.Овој наш тим не е таков, имаме нов тренер, многу нови играчи и ќе мораме да играме многу подобро во иднина. Тоа не е оправдување за овој пораз, имаме три неуспеси во низа, мораме да дојдеме до добар резултат за да си ја вратиме самодовербата-, изјави Стоилов.

Треба да знаете
Последни објави