Search

Противникот на Орбан најавува екстрадиција на Груевски

Питер Марки-Заи, кој ќе му се спротивстави на унгарскиот премиер Виктор Орбан на парламентарните избори следната година, најави екстрадиција на Никола Груевски доколку победи.

Имено, тој најави екстрадиција на Груевски, на јорданскиот бизнисмен Заиф Нафа и други „криминални мигранти населени од Фидес“.

Инаку, парламентарните избори во Унгарија ќе се одржат пролетта 2022 година, а според последните анкети, рејтингот на здружената опозиција, чиј кандидат е Марки-Заи, е ист како тој на Фидес предводена од Орбан.

Марк-Заj е конзервативен градоначалник на мал град во јужниот дел на Унгарија. Тој беше избран за кандидат на здружената опозиција пред десетина дена на внатрешни избори организирани од шест опозициски партии. Со освоени 50 отсто од гласовите, Марки-Зај ја доби довербата на блокот во конкуренција на Клара Добрев, потпретседателка на Европскиот парламент и кандидатка на либералната партија Демократска коалиција.

Треба да знаете
Последни објави