Search

Кај изгорените бараки во Парк треба да се градат градинка и училиште

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ на социјалните мрежи објави дека на местото каде вчера гореа бараките на поранешен суд за прекршоци, предвидено е да има училиште.

-На ова место и во постоечкиот и во Деталниот урбанистички план кој е во процедура предвидено е да има објект со намена В1 – Образование и наука, односно училиште. Во моментот спроведувањето се одвива по стариот Детален урбанистички план Дебар Маало 2, донесен од Советот на општината со Одлука бр.07-3727/2 од 28.12.2009 година“, стои во објавата на Фејсбук.

Во новиот план исто се потврдува изградба на училиште само што се зголемуваат одредени параметри, плус детска градинка и културен центар. Планот за изградба, како што јавува Алсат ТВ, бил на разгледување во секторот за урбанизам во Град Скопје. Вратен бил во Центар за корекции а Богдановиќ се надева дека планот за изградба на овој објект на местото на пожарот ќе биде донесен од новиот општински совет во Центар.

Треба да знаете
Последни објави