Search

Заев на Утрински брифинг: ВМРО-ДПМНЕ го достигна плафонот, во недела гласаме за дефинирање на иднината на државата

„Доколку се следат анализите кои се јавно достапни, па дури и резултатите на ДИК покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ го достигна плафонот, нема повеќе апсопционен капацитет кај нив поради нивните политики“ кажа премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев во неговото гостување на Утрински брифинг.

Тој кажа дека, од друга страна, политиките на СДСМ имаат многу поголем капацитет за апсопција на гласачи во вториот круг.

„Пред се поради нашите политики, поради евроатлантските успеси, суперлативите кои ги добиваме од европските лидери, но и поради концептот на Едно општество за сите“ кажа Заев.

Премиерот додаде дека огромен потенцијал на гласачи останале дома во првиот круг и ги повика да излезат и да не ја пропуштат шансата сега да бидат учесници во дефинирањето на иднината на државата.
Треба да знаете
Последни објави