Search

Еве зошто е убиено семејството Ѓокиќ: Убиецот со крвави пари сакал го испере гревот на синот

Поранешниот пожарникар Горан Џониќ (54) позајмил 10.000 евра од братучедот Горан Ѓокиќ (57) за да ја прикрие сообраќајната несреќа што ја предизвикал неговиот помал син Стефан. Во таа сообраќајна несреќа е повредено дете, а кога Џониќ сфатил дека не може да му го врати долгот на Ѓокиќ решил да го ликвидира. Ова е сознанието до кое дошол Објектив.рс и кое може да го расветли мотивот за злосторството што ја згрози Србија и регионот.

– Родителите на повреденото дете инсистирале да се повика полиција, но Џониќ успеал да ги убеди да не го прават тоа за Стефан да не остане без работа во војската на Србија. Родителите на момчето се договориле, но за паричен надомест од 10.000 евра, открива изворот на Објектив.

Горан и Сузана Џониќ за да ја оправдаат постапката на синот не размислувале во што се впуштаат.

-Развратниот живот Стефан го чинел и брак па се развел од сопругата полицајка, со која има заедничко дете. За да го извлече синот, Горан позајмил пари од некој човек, но морал брзо да ги врати. Бидејќи не успеал да ги плати, ги позајмил од својот братучед, но каматата од ден на ден му растела, открива соговорникот.

Дека Џониќ ја немал привилегијата да остане должен поради роднински врски, говори и фактот што постојано бил опоменуван од Ѓокиќ да ги врати парите, за кога се повеќе мештани во Моравац велат дека давал пари со камата.

– Не знам зошто не му го врати долгот на Ѓокиќ. Она што го знам е дека Џониќ морал да позајми 8.000 евра од друг братучед од селото Тешице, за да го смири Ѓокиќ малку. Токму овој човек пријавил во полиција дека по убиството на Ѓокиќ, Џониќ му ја вратил целата сума на долгот, иако договорот бил да се плаќа на рати. Се сомнева дека им должел пари на браќата Костадин и Костантин Милошевиќ, поради што ги вмешал и нив во целата приказна, посочувајќи ги како соизвршители, наведува соговорникот.

На имотот на еден од синовите на Џониќ во селото Моравац биле пронајдени 43.000 евра кои биле закопани во коренот на слива во овоштарникот, а кои, како што се сомневаат, му припаѓале на убиениот Ѓокиќ. Парите биле ставени во цевка од правосмукалка.

Објектив ја расветли и приказната за мистериозниот црвен автомобил по кој наводно се трагаше денови, но тука нема никаква мистерија.

– Имало црвен автомобил, но тој е на некој за кој се покажа дека нема никаква врска со злосторството. Станува збор за човек кој во еден момент застанал на патот каде што последен пат биле видени Ѓокиќите кога добил повик. Само случајно тој разговор се одвивал во време во кое е извршено убиството, тврди изворот на Објектив.

Уште една трага која довела до откривање на убиецот е што бил препознаен од еден од жителите на Моравац кај кого Џониќ бил за да направи пригушувач за пиштолот оправдувајќи се дека е дел за земјоделска машина.

Според информациите, мајсторот не ни помислил за што може да послужи метална цевка со точно пропишани димензии со навој на врвот од исклучително цврст материјал, бидејќи Џониќ бил кај него околу месец и пол пред делото.

– Откако беше откриено монструозното убиство и откако медиумите почнаа да известуваат, во јавноста се најдоа многу информации за овој случај. Еден од нив беше дека истрелите не се слушнале бидејќи убиецот користел придушувач. Во тој момент му текнало на мајсторот, кој е крајно чесен и вреден човек, да провери кој метален дел му го изработил на Горан. Откако направил пребарување на Гугл по само три-четири резултати, откако ги внел бараните параметри на цевката направена од мајсторот, се надоврзал и видел дека делот што му го претставил за земјоделската машина е всушност пригушувач, вели еден од мештаните.

Жителите на Моравац слушнале дека полицијата има видео материјал на кој се гледа како Горан на денот на злосторството полнел канистри, кои се наоѓаат во багажникот на автомобилот што го возел.

Инаку, Џониќ, како што дознаваме, го брани адвокат по службена должност. Неколку адвокати одбија да го бранат, а има информации дека ќе му биде одземено полномошното.

Да потсетиме, ноќта меѓу 26 и 27 септември беа убиени- Горан, сопственикот на менувачницата „Лики“ во Алексинац, неговата сопруга Гордана и нивната ќерка Лидија. Откако ги убил ги запалил нивните тела и автомобилот.

Треба да знаете
Последни објави