Search

Александар Стојкоски официјално нов градоначалник на Ѓорче Петров

Со добивањето на уверението од страна на Општинската изборна комисија, новиот градоначалник Александар Стојкоски на општина Ѓорче Петров го презеде и кабинетот. Претходно, уверенијата ги добија и избраните советниците.

Градоначалникот Стојкоски посочи дека со неговиот влез во Општината сите жители гарантирано ќе гледаат само развој, модернизација и најважно – решавање на нивните проблем.

„Вработените во Општината од денеска се во служба на сите нас, жителите на Ѓорче. Сакам задоволни вработени, но и задоволни ѓорчепетровци. И така ќе биде. Направивме примопредавање, јас влегов тука затоа што вие ни ја дадовте поддршката. Кабинетот не е место што треба да се користи за криење од граѓаните, туку за средби. На терен сум уште денес како што беше и сите изминати години кога ги слушав вашите проблеми и начини за нивно решавање“, рече Стојкоски.

Тој при подигнувањето на уверението од Општинската изборна комисија потенцира дека ќе биде човек што како градоначалник ќе биде секогаш отворен и тука за граѓаните.

„Градоначалник е само функција, а јас ќе бидам човек кој како градоначалник ќе биде секогаш тука за вас. Тоа ви го ветив во кампања, тоа го повторувам и со добивањето на уверението од Државната изборна комисија. Од денеска Ѓорче Петров го има и новиот Совет на Општината, кој ќе треба и мора да работи само во нејзина корист и никако поинаку. Одиме понатаму, Ѓорче ќе биде модерно, урбано, хумано“, рече Стојкоски.

Треба да знаете
Последни објави