Search

Со СДСМ имаме слободни, фер и демократски избори, конструкциите на ВМРО-ДПМНЕ се без ниту еден доказ

Граѓаните многу добро знаат само со СДСМ имаме слободни, фер и демократски избори.
Изборните нерегуларности се одлика на режимот на ВМРО-ДПМНЕ кога ја злоупотребуваше полицијата за да заплашува, малтретира и уценува граѓани, а МВР беше претворено во ВМРО-МВРО.
Тоа време заврши.
Ги отфрламе сите обиди за манипулации на ВМРО-ДПМНЕ кои очигледно се без ниту еден доказ.
Граѓаните на 31 октомври масовно ќе излезат на гласање и со демократски методи ќе спречат враќање на режимот и злоупотреба на институциите во партиски цели.
Треба да знаете
Последни објави