Search

Мирко Попов со поддршка за Шилегов: Сакам градоначалник којшто слуша и работи на проблемите на обичните луѓе

На овој собир ме поканија како „хард кор“ скопјанец, бидејќи за мене Скопје е дијагонза, но ако излезете низ Центарот, за некои е позитивна, за некои негативна, во моите 30 години, будно ја следам работата на градоначалниците, и како мал сакав да бидам градоначалнмик, но Петре Шилегов е можеби првиот кој се занимава со обичните проблеми на граѓаните, рече продуцентот и музичар Мирко Попов на собирот на СДСМ „Обединувачки за Скопје“.

-Шилегов гради улици, патеки, вело-патеки, гради улици на двете страни на Вардар, не сакам да ги размазувамнашите политичари но сакам да го поддржам да продолжи со градските проблеми, можеби и затоа заборави на политиканството, но сепак треба да работи и да ги решава проблемите на обичните луѓе за да биде добро за сите, појасни тој.

Тој посочи дека неговото искуство и неговите интереси се онакви како она со градоначалникот Шилегов, бидејќи и покрај конфликтите добор е да се има разбирање со властите.

-Тој е еден од ретките што има слух и трпение и има доблест да разговара со луѓето кои се на маргините на општеството, а проблемите кои ги имаме се токму поради тоа што културата е ставена настрана, се надевам дека во иднина токму тој како и премиерот Зоран Заев ќе продолжат во таа насока бидејќи културата е тоа што ќе не извлече од калта, појасни Попов.

Треба да знаете
Последни објави