Search

Заев на Алсат: Сега има слобода, па и покрај потегот на Левица, ние го одбележавме Денот на НОБ достоинствено

Жалам што се случи ваков настан, но во слободата се случуваат работи, бидејќи на секој му се дава право да преземе дури и непријатни активности, како што вчера направи Левица, кажа премиерот Зоран Заев во интервју за Алсат телевизија, коментирајќи го одбележувањето на Денот на НОБ. Тој додаде дека вчерашниот ден бил голем јубилеј – 80 години од почетокот на востанието и во присуство на голем број претставници од Светската федерација на антифашисти, денот бил одбележан на достоинствен начин.

-Јас се сметам за еден од лидерите во општеството во борбата за слобода и демократија. Слободата може да предизвика вакви непријатни ситуации. Оваа Влада јасно се определи за слобода. Кога е слобода институциите бираат дали да ги отстранат блокаторите или окупаторите или пак да ги остават. Да се остават е дело на слободата, истакна Заев.

Според него слободата не значи и да се ограничува слободата на другите, а фашистот и во минатото окупирал и сега окупира.

-Омразата е присутна и вчера, а за време на нацизмот и фашизмот секогаш била присутна омразата кон другите заедници, религиски групи или поразличните од тие што така се поставуваат. Јас можам само да го осудам чинот, бидејќи не само што беше окупиран просторот за претседателот на државата, владината делегација, парламентарната делегација и сите други политички партии и општественици, имаше и амбасадори на самото место. Тоа е нешто што предизвика горчина кај сите, па имаше и префрлувања од стррана. Тоа што можам да кажам е дека ако Левица имала рејтинг од 4-4,5%, сега има 2-2,5 проценти, рече Заев.

Треба да знаете
Последни објави