Ќерката на Џон Траволта и покојната Кели Престон, Ела Блу, се огласи на социјалните мрежи на Денот на татковците кои имаат ќерки.
Младата актерка го пофали својот славен татко, најпознат по хитовите Saturday Night Fever и Pulp Fiction.
„Среќен Ден на татковците со ќерки на мојот херој, мојот најдобар пријател. Те сакам многу тато“, напиша 21-годишната sвезда во описот за својата објава на Инстаграм во понеделникот и сподели фотографија на која седат заедно како гости во емисија.
Тој ја сподели истата фотографија и напиша „Среќен ден на таткото на ќерка, Ела! Те сакам повеќе отколку што зборовите можат да искажат!“