Search

Рама не крие дека неговата цел во политичката кариера е да ги обедини Албанија и Косово

Албанскиот премиер Еди Рама денеска во емисијата „Слободна зона“ на ТВ Клан изјави дека целта на неговата политичка кариера е „да ја обедини Албанија со Косово“. Тој негираше дека личниот интерес е во прашање.

 Рама нагласи дека неговите планови вклучуваат обединување.

-Дали треба да бидам претседател на Албанија и Косово? Ова не е во моите планови. Но, обединувањето на Албанија со Косово, да. Тоа е стремежот, рече Рама.

Тој додаде дека по 2030 година се гледа себеси на друго место и далеку од политиката, но дека тоа не го спречува да има план за обединување на Албанија и Косово.

Треба да знаете
Последни објави